Какви типови на секс имаме во првите две години од врската?

Експертите велат дека во почетокот на врската најмногу се ужива во сексот.

Експериментирањето во сексот и поизразената желба за редовен секс се својствени за првите година-две од врската. Речиси сите двојки ги поминуваат овие осум типови на секс во првите две години од врската.

Ако сте на почеток на врска, ова ви претстои, а ако ја поминавте оваа фаза, најверојатно ќе се потсетите како беше.

Филмски секс

Ова се случува во краток период откако прв пат ќе почнете да бидете интимни со новиот партнер. Двајцата се трудите многу, ја местите атмосферата, договарате секси викенди, купувате секси долна облека, палите свеќи, одбирате музика...

Секс „на брзинка со минимален труд“

И двајцата сте уморни или имате нешто друго на памет, но нема да ја пропуштите шансата за „една партија на брзинка“ рано наутро или навечер пред спиење.

Одамна не сме...

И сами знаете како оди тоа: презафатени сте, ретко се гледате, се враќате уморни, мислите само како да ја ставите главата на перница. Не ви е дојдено до секс, ама нема да чекате другиот да рече: „Одамна не сме имале секс“, па ги користите последните сили.

Храна, вино и секс

На почетокот на врската можеби внимававте повеќе и ги планиравте состаноците, па точно знаевте кога и каков секс ќе имате. Вечера па секс ретко беше опција, поради надуеноста. Кон крајот на втората година веќе се знаете и сте се прифатиле такви какв што сте, па секс после обилна вечера не е така лоша идеја, иако внимавате на изборот на пози.

Неуспешен експеримент

Во првите две години од врската уште сакате да се докажувате еден на друг, па откако ќе ги поминете сите трикови и пози што ги знаете, а не сакате да „попуштите“ со темпото, експериментирате. Во поголемиот број случаи ова завршува со фијаско, но барем веќе сте доволно блиски за да се насмеете на тоа.

Тивок секс

Како што рековме, сексот е на менито цело време во првите година-две. Тоа значи дека сакате да бидете интимни и кога сте на гости, па веќе ја имате усовршено техниката „тивок секс“.

Секс за смирување

Овој тип на секс почнувате да го учите во овој период и потоа го применувате засекогаш. Кога еднаш ќе ја почувствувате моќта на сексот за смирување по некоја расправија, одвај ќе чекате да се „зарчкате“ за нешто со партнерот. Сепак, не го злоупотребувајте.

Секс попладне

Ова исто така е една од „секс појавите“ во врска што укажуваат дека врската се продлабочува. Веќе не ви требаат посебни услови, идеално осветлување, секси облека... удобно ви е еден покрај друг, го користите моментот на разгорување на страста и уживате во сексот на дневна светлина.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Љубов и секс

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more

Како да го разгорите сексуалниот живот откако ќе станете родители?

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе