Какво е „најдоброто сценарио“ во случај на нуклеарна војна?

Во моментов на светот постојат околу 15.000 нуклеарни боеви глави, кои доколку се активираат можат да го предизвикаат крајот на нашата планета. Но, колку боеви глави се доволни за да се победи противник? И какви ќе бидат последиците од нивното лансирање?

Новото истражување пробува да ги одговори овие прашања, како и да го предвиди „најдоброто сценарио“ од една нуклеарна војна. Одговорите нема да ве охрабрат.

Ова истражување вели дека ниту една земја на светот не би требало да поседува повеќе од 100 боеви глави со нуклеарно оружје. Тоа е максималната бројка на боеви глави со кои една земја треба да располага без да биде гледано на неа како агресор и потенцијален опасен противник кој во секој момент ќе биде спремен за војна против целиот свет. Истовремено, тврдат научниците кои се автори на ова истражување, 100 боеви глави се сосем доволни за да се обезбеди домашна безбедност. Со намалувањето на бројот на боевите глави се намалува и шансата од потенцијални нуклеарни несреќи, а тоа директно влијае на сигурноста на планетата.

Намалувањето на бројот на боевите глави изгледа како пристојно решение, но не смее да се заборави на моќта на нуклеарното оружје. Без разлика дали нуклеарната војна се води со 10, 100 или 1.000 боеви глави, сепак опасноста од ваквото оружје е многу голема и се заканува дека ќе има трајни последици на планетата.

Во моментов, САД поседува 6.550 нуклеарни боеви глави, додека Русија има 7.010. Сите останати боеви глави им припаѓаат на Велика Британија, Франција, Израел, Пакистан, Индија, Кина и Северна Кореја. Вкупната бројка на нуклеарни боеви глави во светот изнесува околу 15.000, но доколку го послушаме авторите на ова истражување, тогаш сите земји на светот заедно би имале околу 900 боеви глави. Тоа е намалување од скоро 94%, со што значително се намалува и опасноста од нуклеарна војна почната по „несреќен случај“.

„Истражувањето беше направено за да одредиме дали може човештвото да преживее во случај на хипотетичка војна помеѓу, да речеме, САД и Русија. Утврдивме дека во таков случај, нуклеарната зима е неизбежна и големите човечки жртви се првото нешто што не може да се заобиколи. Исто така, пробавме да го одредиме ‘најдоброто сценарио’ од една ваква војна“, вели Џошуа Пирс, еден од авторите на ова истражување.

Во случај на нуклеарна војна, на светот му се заканува долгогодишна глобална катастрофа, проследена со ефект на ладење на Земјата откако ќе бидат детонирани неколку нуклеарни боеви глави. Нуклеарната војна би ги изгорела шумите, полињата и фосилните горива, како и градовите и индустриските центри. Овие пожари би предизвикале густ облак од смог во атмосферата на Земјата и драстично ќе ја намалат количината на сончеви зраци кои допираат до нашата планета. Овој феномен се нарекува „нуклеарна полноќ“. Во таков случај, ќе пропадне светската прехранбена индустрија, како и поголемиот дел од останатите индустрии.

Доколку, да речеме, САД лансира 100 нуклеарни проектили кон најголемите градови во Кина, ќе убие околу 30 милиони кинески граѓани, но жителите на САД воопшто нема да го почувствуваат тоа. Ако САД реши да ја зголеми оваа бројка на 1.000 нуклеарни проектили, тогаш 140.000 нивни жители ќе бидат погодени од последиците на нуклеарната есен која ќе предизвика намалување на температурите за 10 до 20 степени Целзиусови. Во крајниот случај, ако САД ги лансира сите проектили кои ги има во моментов, тогаш преку 5 милиони жители на САД ќе бидат погодени со што некои од нив ќе мораат да гладуваат.

Тоа значи дека во случај на нуклеарна војна нема да има победник. Сите ќе изгубат, само некој повеќе а некој помалку. Постоењето на толку голем број на нуклеарни боеви глави е многу опасно, посебно ако тоа се најде во погрешни раце.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе