Какво кочење на 280 километри на час!

Од Германија стигнува уште една снимка во која „за влакно“е одбегнат тежок инцидент на дел од автопатот без ограничувања на брзината.

Неодамна можевме да видиме како реагираше возачот на Golf GTI кога го „пресече“ друг автомобил со брзина од 240 км/час, а сега нешто слично му се случи и на возач на BMW М4.

И во овој случај беше избегната трагедија за малку, а за среќа, станува збор за квалитетно возило со неверјатни сопирачки, а и возачот на BMW реагираше трезвено и смирено. Тој го снима целиот настан, а во описот на видеото ги посочи грешките на сите тројца учесници во инцидентот, со намера другите возачи да извлечат поука.

Според него, сè се случило на делот од автопатот А5, на делот без ограничување на брзината, кој има четири сообраќајни ленти во секоја насока. Неговата грешка е што не возел побавно, бидејќи со брзина од 280 километри на час, времето за реакција е навистина мало ако нешто тргне наопаку.

Тој посочува дека втората грешка ја направил возач на автомобилот Mazda кој не проверил/проценил што се случува зад него на автопатот пред да почне да го престигнува возилото Ford, а освен тоа, не смеел да помине толку нагло од втората во четвртата лента.

На крајот, возачот на BMW не го амнестира ни третиот учесник, возачот на Ford кој, според него, требало да ја искористи втората лента од левата страна и да ги ослободи третата и четвртата за движење/претекнување на автомобилите што се движат многу побрзо.

Дали се согласувате со неговата проценка и кој според вас е најголемиот виновник за инцидентот?

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе