Калиумот е важен за здраво срце: Која храна го содржи?

Внесот на калиум е многу важен за целокупното здравје на срцето.

Овој електролит е важен за одржување на здрав крвен притисок, спречува грчеви и е добар за здравјето на срцето. Редовното внесување суплементи или храна богата со калиум помага во регулирање на крвниот притисок, намалување на ризикот од мозочен удар и одржување на правилната мускулна функција.

Еден од најдобрите начини на кои можете природно да внесете калиум во вашето тело е преку храна. Подолу истакнуваме некои од најдобрите видови  храна што треба да се најдат на вашето мени.

Авокадо

Омиленото овошје за појадок на многу луѓе, авокадото, е познато по содржината на калиум и здрави масти. Јадењето авокадо помага да се намали нивото на лошиот (LDL) холестерол, со што се намалува ризикот од развој на срцеви заболувања. Според Health Shots, половина од авокадо без лушпа содржи околу 345 милиграми калиум, што задоволува околу седум отсто од дневните потреби за калиум.

Банана

Кога станува збор за овошјето, бананите се веројатно најпознатиот извор на калиум. Приближно сто грама банани содржат околу 358 милиграми калиум. Ова слатко овошје е многу вкусно, може да се конзумира во бројни комбинации и помага во регулирање на крвниот притисок, подобрување на здравјето на срцето.

Калинка

Иако бананите се најпознат извор на калиум, калинката е таа која содржи најмногу калиум. Една чаша семки од калинка содржи приближно 666 милиграми калиум, според Health Shots. Освен калиум, калинката содржи и антиоксиданси кои го штитат срцето, го намалуваат воспалението и го подобруваат нивото на холестерол.

Компир

Еден од најчестите додатоци на јадења, компирот, е една од намирниците позната по содржината на калиум. Еден средно голем печен компир со кора содржи околу 926 милиграми калиум. Овој зеленчук е богат со влакна кои го промовираат здравјето на срцето, го намалуваат холестеролот и го контролираат нивото на шеќер во крвта. За да добиете најмногу хранливи материи од компирот, се препорачува да се пече или вари, а не да се пржи на масло.

Спанаќ

Спанаќот е одличен зеленчук кој позитивно влијае на целокупното здравје. Една шолја од околу 190 грама замрзнат спанаќ или три шолји од околу 90 грама свеж спанаќ обезбедуваат 12 проценти од дневната вредност на калиум. Освен со калиум, спанаќот е богат со витамини и железо, кои ја поддржуваат работата на срцето и помагаат во контрола на крвниот притисок.

Сладок компир

Најчеста алтернатива на компирот е слаткиот компир. Според Health Shots, една испасирана шолја од овој зеленчук содржи околу 328 грама калиум. Слаткиот компир е богат со антиоксиданси и растителни влакна, кои влијаат на зачувување на здравјето на срцето, а во исто време се вкусна и поздрава замена за компирот.

Мешунки

Мешунките, како гравот, леќата и наутот се одлични извори на калиум кои го подобруваат здравјето на срцето. Овие намирници се познати и по содржината на влакна и протеини, што ги прави одличен избор за сите кои сакаат да се грижат за своето здравје, но и да ги изгубат несаканите килограми.

Кикиритки

Здрави и вкусни, кикиритките се последната храна на листата на храна богата со калиум што треба да се јаде за здравјето на срцето. Приближно сто грама кикиритки содржат 705 милиграми калиум. Исто така, кикиритките содржат здрави масти кои помагаат да се намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Може да ги јадете сирови или печени, но не и пржени.

реклама

Здравје

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Read more

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Read more

Кои витамини (не) треба да ги земате пред спиење?

Read more

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Read more
 

Магазин

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Читај повеќе

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Читај повеќе

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Читај повеќе

Кои витамини (не) треба да ги земате пред спиење?

Читај повеќе