Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Комисијата формирана од Судскиот совет првично треба да изврши увид во претходниот предмет што се водел против возачот што ја усмрти Фросина Кулакова за понатаму да утврди дали имало неправилности во постапувањето.

Претседателот на Советот, Александар Камбовски, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека малку е чувствително времето затоа што предметот во овој момент се наоѓа пред Апелациониот суд во Скопје и затоа комисијата треба да постапува внимателно за да не се содаде притисок врз овој суд, кој одлучува по првостепената пресуда.

„Комисијата треба внимателно да изврши увид и кога ќе заврши со увидот, ќе направи свој извештај. Ќе се постапува паралелно. Меѓутоа, убаво би било да внимаваме бидејќи не сакаме да почувствува Апелациониот суд некаков притисок од наша страна. Доволен е притисокот што веќе го има од јавноста врз овој суд“, истакна Камбовски по седницата на Судскиот совет.

Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло. Нему лани му се судело и за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и прекурсори, но Судот му одредил мерка поправен дом третирајќи го како помлад полнолетник. Тогаш Обвинителството поднело жалба на пресудата по која сѐ уште одлучува Апелација.

Тагови
реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Read more

Македонија

Дел од Центар денеска без вода, делови од Кисела Вода без струја

Read more

Променливо време со температури до 23°C

Read more

По 7 месеци пауза Вардариште повторно гори, велат од Стоп за Вардариште

Read more

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Read more
 

Вести

Иран: Трамп сака да биде полицаец на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Уапсен водач на „балканскиот нарко картел“

Читај повеќе

Лавров: ЕУ сака Србија да биде тампон-зона против Русија

Читај повеќе

Дел од Центар денеска без вода, делови од Кисела Вода без струја

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C

Читај повеќе

По 7 месеци пауза Вардариште повторно гори, велат од Стоп за Вардариште

Читај повеќе

САД: Се приближуваме до договор за крај на војната со Иран

Читај повеќе

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Читај повеќе

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Читај повеќе