Каменос: Договорот од Преспа нема никогаш да се имплементира

Атина, 12 јули 2018 (МИА) - Коалицискиот партнер во грчката Влада, Панос Каменос, не отстапува од неговиот став, дека Македонија нема да стане членка на НАТО, а Договорот од Преспа нема да се имплементира.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, говорејќи пред грчките новинари во Брисел, министерот за одбрана, кој заедно со шефот на грчката дипломатија го придружуваат грчкиот премиер на НАТО Самитот, рекол дека Договорот од Преспа нема никогаш да се имплементира затоа што тој лично смета дека нема да помине ниту во собранието, ниту на референдумот кај нас.

-Може да собираат покани и да се сликаат, но во НАТО нема шанси да влезат се додека го користат терминот Македонија, рекол Каменос според АНА- МПА.

Во однос на тоа кога ќе се одржат избори во Грција, одговарајќи на новинарско прашање, коалицискиот партнер во владата на новинарите им рекол да не очекуваат избори бидејќи „сѐ додека скопското прашање не е дојдено во Парламентот, изборите ќе се одржат на крајот од четиригодишниот мандат“.

Информативниот портал „Ин“, коментира дека дел од ставовите на Каменос се спротивни на официјалните соопштенија, а дел се неточни, јави дописничката на МИА од Атина.

- Претседателот на Независни Грци, со неговата омилена тактика, се обиде на малкумината што сѐ уште го следат, да им презентира една „алтернативна реалност“. Па така, ни помалку ни повеќе, спротивно на официјалното соопштение на Генералниот секретар на НАТО, негираше дека ПЈРМ ќе се интегрира во НАТО со името „Северна Македонија“, пишува грчкиот информативен портал.

„Ин“, коментира дека Каменос, кога изјавил дека „договорот нема да помине во Собранието на ПЈРМ“, заборавил на еден мал, но не и неважен детал-дека пратениците веќе го изгласаа договорот.

-Во суштина, она што го направи Панос Каменос со учеството на Самитот на НАТО е да ја ратификува поканата за ПЈРМ со името „Северна Македонија“, ставајќи и тој, на овој начин, еден „потпис“ до оние на Алексис Ципрас и Никос Каменос, објави грчкиот информативен портал.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе