Каменос: Никогаш не реков дека грчката Влада добила 50 милиони евра од Сорос

Атина, 26 октомври 2018 (МИА) – На владината седница не беше кажано дека Владата добила од Сорос 50 милиони евра. Го споменав Сорос, но за нешто што не е поврзано со Владата, вели коалицискиот партнер во грчката Влада и министер за одбрана Панос Каменос во изјава за грчката телевизија Стар, во однос на тврдењата на поранешниот министер за надворешни работи на Грција дека тој пред министрите рекол дека Владата е финансирана од Сорос.

– Бидејќи гледам дека има многу шпекулации и се прават цели сценарија за работи што наводно сум ги кажал на владина седница, да расчистиме дека никогаш не беше кажано дека Владата доби 50 милиони евра од Сорос. Го спомнав Сорос во врска со соработката на Министерството за надворешни работи со фирма за издавање визи, што нема никаква врска со Владата, рече Каменос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, коалицискиот партнер во грчката Влада, за ТВ Стар коментира дека сите овие сценарија ги користи опозицијата „за да ги скрие случувањата со притворот на поранешниот министер за одбрана Јанос Папандониу”.

– Владата има министерски совет (владина седница) на кој се водат стенографски белешки и нема да ги продолжам обидите на некои да прават таков вид сценарија врз основа на овие изјави, додава Каменос.

Прашан за аргументите на Коѕијас, министерот за одбрана на Грција вели дека веќе нема да се занимава со него.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе