Каменувани на улица – цената на тоа да се биде фудбалерка во Авганистан

Плукани, каменувани, омаловажувани. На пат за тренинг внимаваат да не бидат бомбардирани. Сѐ бидејќи сакаат да играат фудбал.

Ова е реалноста на голем дел од жените во интернационалниот фудбалски тим на Авганистан.

Нивниот тренер, пензионирата поранешна американска фудбалерка Кели Линдзи, никогаш не стапнала во земјата од безбедносни причини.

Некои од девојките и жените никогаш не играле на фудбалски терен со целосна големина додека не се приклучиле на националниот тим што беше формиран во 2010 година.

Сега, две години откако Линдзи почна да ги тренира, се искажија од 128. на 106. место на ранг листата на ФИФА.

Тимот на Линдзи е мешавина на Авганистанки кои живеат во дијаспората и жени кои уште живеат во Авганистан.

Тие од Австралија, Европа и Северна Америка имаат силни женски примери  - нивните мајки, од кои голем дел емигрирале со децата откако сопружниците им биле убиени во конфликтот.

Фудбалерките кои се во земјата се соочуваат со закани со насилство и нешто што е многу страшно во авганистанската култура – ризикот да го посрамотат семејството.

„Не е лесно да се отиде на тренинг“, вели Линдзи (38) „Ги плукаат, ги каменуваат, има бомбардирања по пат.“

„Многу е важно девојките кои не се таму да сфатат дека ова е реално. Ова не се приказни. Овие девојки поминуваат низ тоа секој ден.“

„Ако некоја жена игра фудбал, заедницата ги осудува и татко ѝ, брат ѝ, мајка ѝ, тренерите...“, вели Линдзи.

„Калида Попал, директорка на програмата... брат ѝ беше избоден речиси до смрт бидејќи ѝ дозволил да игра. Мене ме восхитува тоа што и покрај сѐ низ што поминуваат, уште сакаат да играат фудбал.“

Линдзи ефикасно ги тренира преку телефон и преку е-пошта. Имаат совет на водачи и се консултираат за тренини, тактики, исхрана и што се случува со тимот. Си праќаат видеа, пакети со опрема и тактички PowerPoint презентации за учење за да може да делуваат како тим кога ќе се сретнат на терен.

„Секогаш кога ќе се собереме, тимот е различен, тие се сменети“, вели Линдзи.

Тимот на Авганистан уште се нема квалификувано за голем турнир, но е релативно во зачеток. Нивната мисија, вели Линдзи, е поголема од победа на натпревар или турнир.

„Денот кога ќе се квалификуваме ќе знаеме дека женскиот фудбал се сменил засекогаш.“

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе