Новиот камион Mercedes Benz Actros наместо ретровизори ќе има камери.
Системот камери MirrorCam станува сѐ попопуларен, а може да видиме и зошто: сѐ се гледа на монитор на контролната табла, што е попрегледно од огледалото на ретровизорот.
Овој модел на камион е нешто помал од претходните, но со подобрена аероднамика, помала потрошувачка на гориво и секако – подобра прегледност.
Со системот MirrorCam возачите ќе имаат далеку поголема прегледност на „мртвите агли“ и други моменти кои се потешко воочливи со стандарден ретровизор.