Камерите снимија како НАСА заби вселенско летало во астероид

НАСА доцна синоќа успешно го заби вселенското летало DART во астероид. Тоа беше историска мисија како „првиот планетарен тест за одбрана“ на Земјата од потенцијален удар така што се смени правецот на астероидот.

Последните моменти пред судирот ги сними камера на леталото, а последната слика ја направило леталото две секунди пред ударот.

Погледнете го видеото од моментот на удар!

Remote video URL

Целта на мисијата е да се заштити Земјата од потенцијален судир со НЕО - терминот на НАСА за објект блиску до Земјата - астероид или комета - што би можел да се приближи до орбитата.

DART (Double Asteroid Redirection Test) е првата мисија која се обиде да застрани опасен објект во директен експеримент за да спречи негово влијание врз Земјата, рече директорот на вселенската мисија Томас Зурбухен.

Програма за рано откривање закани

Во 2016 година, НАСА ја основа Канцеларијата за координација за планетарна одбрана (PDCO) за рано откривање на големи закани НЕО - најмалку 30 до 50 метри - кои би можеле да ја оштетат површината на Земјата и да ги следат траекториите на овие објекти.

Астрономите моментално не знаат дали Земјата е загрозена од НЕО, но астероид оставил огромен кратер на мексиканскиот полуостров Јукатан пред околу 66 милиони години и можеби го предизвикал изумирањето на диносаурусите.

Вселенското летало DART е тешко 610 килограми и димензии 1,8 х 2,6 метри, а беше лансирано во ноември 2021 година од Калифорнија со ракетата Фалкон 9 на SpaceX. Се урна во астероидот Диморфос со брзина од 6,6 километри во секунда.

Диморфос е со дијаметар од околу 160 метри и е како месечина која орбитира околу поголемиот астероид Дидимос. 
 

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе