Филм & ТВ

Камерон Дијаз се повлекува од актерството

13. март 2018 - 13:52 | М.Д.

Една од најпознатите и воедно најбараните холивудски актерки, Камерон Дијаз, одлучи да се повлече од светот на актерството. Камерон Дијаз за тоа има едноставна причина – сака да му се посвети на домот и семејниот живот.

За во целост да му се посвети на фамилијарниот живот со сопругот, 39-годишниот музичар Бенџи Маден, ѕвездата во филмовите „Sex Tape“, „The other woman“, „Charlie’s Angels“ и многу други, сега сака да биде само домаќинка.

Една од најдобрите пријателки на 45-годишната американска мега ѕезда, исто така актерка Селма Блер, откива дека Камерон и кажала дека завршила со филмската индустрија, како и тоа дека не планира да се врати на големото платно.

Последниот филм Камерон Дијаз го сними во 2014 година.

Коментирај