Камерон: Русија ја доби организацијата на СП 2018 по пат на корупција

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон имплицираше дека Русија ја добила организацијата на Светското првенство во фудбал годинава по пат на корупција, влошувајќи го дополнително односот помеѓу Лондон и Москва.

Апликацијата на Англија беше одбиена во првата рунда од гласањето во 2010 година, а Русија го доби правото за првпат да организира Светско првенство, кое почнува годинава на 14 јуни.

Поранешниот премиер Дејвид Камерон зборуваше пред присутните од Министерството за надворешни работи во Четхам Хаус, и кажа дека плановите на неговата влада биле нарушени од нефер и нечесни политики.

„Корупцијата застана на патот на работите кои сакавме да ги постигнеме. Сакавме да ја отстраниме екстремната сиромаштија во светот. Но, што ги запре најсиромашните земји во светот како Судан и Бурунди да ја претворат паричната помош во храна или здравствено осигурување? Одговорот: корупцијата.

Сакавме да им помогнеме на земјите да се извлечат од сиромаштија. Но, зошто земји како Екваторијална Гвинеја и Венецуела се толку сиромашни иако имаат толку многу руда и миндерали? Одговорот: корупцијата.

Сакавме да организираме спортски настан кој ќе ги зближи луѓето и ќе ги сплоти заедно. Но, како Русија ја доби организацијата на Светското првенство? Одговорот? Ќе ви оставам самите да извадите заклучок“, рече Камерон пред присутните во Четхам Хаус.

Корупцијата не е непозната во организација како ФИФА, која во последните неколку години мораше да се збогува со неколку членови, меѓу кои и претседателот Сеп Блатер, поради обвиненијата и пресудите за вмешаност во корупција.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе