Скопје, 7 март 2021 (МИА) – Полицијата синоќа на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР за МИА.
Од МВР повеќе детали за акцијата најавуваат за денеска.
Во Гевгелија вчера се одвиваше и друга акција за сузбивање на нелегална трговија со дрога, каде се запленети околу 200 килограми марихуана и приведени неколку лица.