Минхен, 8 октомври 2019 (МИА) – Најмалку 17 лица се повредени кога неидентификуван маж удри во неколку возила во центарот на Лимбург, Германија со украден камион, соопшти локалната полиција.
Инцидентот се случи вчера попладне. Повреден е и возачот на украдениот камион, кој е приведен.
Истрагата е во тек, а полицијата соопшти дека не е исклучено дека се работи за терористички напад. Во декември 2016 година камион влета на божиќен пазар во Берлин во исламистички напад пришто загинаа 12 луѓе и над 70 беа поредени, јави ДПА.