Камион со полски регистрации за малку ќе излеташе од патот во Риека поради силниот ветер.
На видеото објавено на Facebook може да се види дека камионот попушта пред силниот ветер и на моменти се движи само на две тркала. На видеото се гледа дека возачот одвај успева да ја задржи насоката на движење.
Откако возачот забележа голема опасност од ветерот, реши да го забави движењето со што спречи да се случи несреќа.
Како што јавуваат хрватските медиуми, на овој дел од автопатот имало забрана за движење на возила.