Автомобили

Камионот на Tesla доаѓа во септември, најавен е и пикап

14. април 2017 - 13:03 | undefined

Директорот на компанијата Tesla Елон Маск го најави доаѓањето на камион и пикап во својата понуда.

Маск на Twitter најави дека во септември годинава може да се очекува новиот камион на Tesla.

„Камионот Tesla ќе биде претставен во септмеври. Тимот заврши неверојатна работа. ова навистина е ново ниво“, напиша Маск.

Камионот веќе е тестиран, но уште не е фотографиран за јавноста. целта на ова возило е да ги намали трошоците за транспорт на товар, изработката е на високо ниво, а од компанијата тврдат дека ќе биде забавен за возење.

Маск исто така најави и модел на пикап што ќе биде претставен за 18 до 24 месеци.

Коментирај