Канада им ја „тресна вратата“ на мигрантите

Владата на Канада, предводена од премиерот Џастин Трудо, одлучи значително да ја промени својата имиграциска политика, која беше меѓу најлибералните во светот.

Трудо ги промовираше придобивките од масовната миграција за време на неговото деветгодишно владеење, но политиката стана длабоко непопуларна во Канада.

Со цел да се обиде да ја „спаси“ својата партија од сигурен пораз на изборите, закажани за 2025 година, Трудо најави огромна промена во имиграциската политика на Канада.

Имено, беше лансирана рекламна ТВ-кампања на 11 различни јазици, вредна 250 илјади канадски долари, во која на потенцијалните мигранти им се сугерира да не доаѓаат во Канада.

Мигрантите често се обвинуваат за високите цени на становите, иако некои експерти тврдат дека ова е поедноставено објаснување, а анкетите покажуваат дека се поголем број Канаѓани веруваат дека земјата пречекува премногу нови жители.

Четиримесечната кампања има буџет кој е една третина од вкупната сума потрошена за слични реклами во претходните седум години.

Пребарувањата како „како да побарате азил во Канада“ и „Канада за бегалци“ ќе активираат спонзорирана содржина насловена „Канадски систем за азил – факти за азил“, соопшти Министерството.

„Аплицирањето за азил во Канада не е лесно. Постојат строги барања за да се квалификувате. Дознајте што треба да знаете пред да донесете животна одлука“, стои во еден оглас.

Канада долго време се сметаше за добредојдено место за новодојденците. Сега лидерите ја намалуваат имиграцијата и се обидуваат да ги принудат привремените жители да заминат, како и да ги спречат луѓето кои „бегаат“ од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да бараат азил.

реклама

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Свет

Трамп планира да почне масовна депортација на мигранти во Чикаго

Read more

Евростат: Италија има најголем процент на лекари над 65 години во ЕУ

Read more

Иранскиот претседател пристигна во Москва, ќе потпише договор со Путин

Read more

Орбан: Ќе осамне ново утро за Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Read more
 

Вести

Трамп планира да почне масовна депортација на мигранти во Чикаго

Читај повеќе

Хрватски министер поднесе оставка откако се појави видео како пука од автомобил

Читај повеќе

Во сообраќајка кај Сарај повредени се четири лица

Читај повеќе

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Читај повеќе

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Читај повеќе

Евростат: Италија има најголем процент на лекари над 65 години во ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Читај повеќе

Цуцковски: Заедно со новите селектори ќе создадеме врвна уметничката програма на Охридско лето

Читај повеќе

Финансиската полиција со кривични пријави против 3 физички и 2 правни лица: Ги фалсификувале и уништувале деловните книги

Читај повеќе