За првпат во историјата

Канада ја елиминираше Австралија и се пласираше во полуфиналето на Дејвис купот

Мадрид, 22 ноември 2019 (МИА) – Канада обезбеди пласман во полуфиналето во новиот формат на Дејвис Купот откако Вашек Поспишил и Денис Шаповалов го добија решавачкиот натпревар во двојки против Австралија.

Бр. 150 на светска ранг листа, кој игра исклучително инспирирано од почетокот на неделата во Мадрид, им даде предност на „Jаворовите листови“, откако во воведниот натпревар го совлада Џон Милман со 7-6 (7), 6-4.

Шаповалов, кој досега имаше и два успешни синглови, беше близу до третата победа против Алекс Де Минор, но на крај беше поразен со 6-3, 3-6, 5-7. Шампионот од Стокхолм, сепак, се опорави малку подоцна и заедно со Поспишил го совладаа тандемот Џордан Томпсон и Џон Пирс со 6-4, 6-4.

Така, Канада се квалификува во полуфиналето, каде нејзин ривал ќе биде победникот меѓу Србија и Русија, дуел кој се игра во сабота. Канада ја совлада Австралија за првпат во историјата и тоа за пласман во полуфиналето на Дејвис купот.

Во другите две четвртфиналиња, во попладнево ќе се соочаат Обединетото Кралство - Германија и домаќинот Шпанија против Аргентина.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе