КОНКАКАФ ЛИГА НА НАЦИИ 2019/20

Канада првпат по 1985 ги победи САД во „сокер“

Северноамерикнските ривали се судрија во Торонто каде Американците доживеаја непријатен и неочекуван пораз.

САД досега редовно ја победуваше слабата Канада каде фудбалот е скоро аматерски спорт. Но, ноќеска на „БМО Филд“ стадионот во Торонто конечно дојдоа петте минути на Канаѓаните.

Натреварот беше во рамките на групата А од КОНКАКАФ Лигата на нации и тоа борба за прво место. Канада досега на двапати ја совлада Куба и со максимален скор го пречека ривалот од југот.

Алфонсо Дејвис, 18-годишниот играч на минхенски Баерн, донесе водство за Канаѓаните во 63-тата минута по асистенција на Скот Арфилд.

Осоколени по водството, Канаѓаните продолжија со нападите, но вториот гол дојде дури во судиското надополнување. Лукас Кавалини беше стрелец на голот.

Ова е прв триумф на Канада над САД по далечната 1985 година кога славеа со истиот резултат од 2:0 на пријателски натпревар игран во Ванкувер. „Јенките“ имаа 17 натпревари во низа без пораз од Канада.

Канада е прва во групата со 9 бода, САД има 3, Куба 0. До крајот САД има уште натпревар кој сигурно ќе го добие со слабата Куба во ноември, но претходно следува реванш со Канада во Орландо. Победникот од групата ќе оди во разигрувањето за шампион.

Во Б групата Мексико го совлада директниот ривал за првото место, Панама. Роберто Алварадо, Хосе Масијас и Родолфо Писаро погодија за Мексиканците, додек аединствениот гол на Панама беше автогол на Карлос Салседо. На табелата води Мексико со 6 бода, а Панама и Бермуда имаат по 3.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе