Свет

Канада: Силен земјотрес регистриран во Британска Колумбија

22. октомври 2018 - 9:03 | МИА
Викторија, 22 октомври 2018 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на канадската провинција Британска Колумбија, соопшти американскиот Геолошки институт.

За сега нема податоци за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета, а исто така не е објавено предупредување за појава на цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 33 километри, околу 190 километри југозападно од градот Порт Харди на островот Ванкувер.

Коментирај