Регион

Канадска фирма откри богати наоѓалишта на злато и сребро во јужна Србија

21. јануари 2019 - 9:42 | МИА
Белград, 21 јануари 2019 (МИА) – Канадската фирма за истражување „Медголд рисорсис“ во јужна Србија, на границата со Бугарија и Македонија, пронајде одлични индикатори дека во таа област има богати наоѓалишта на благородни метали.

Како што наведува весникот Вечерње новости, оваа компанија, во истражувањето на рудното богатство под назив „Тламино проект“, пронашла слој од 40 метри кој содржи 8,32 грама злато по тон и речиси неверојатни 193 грама сребро по тон.

Канадскате фирма склучила договор за заедничко вложување со компанијата од својата земја “Фортуна силвер“, која ги поседува наоѓалиштата на злато и сребро „Сан Хозе“ во Мексико и перуанското лежиште на сребро „Каилома“.

Како што објаснува „Вечерње Новости“, според договорот, „Фортуна силвер“, која во Аргентина развива и проект за отворање рудник за злато „Линдеро“, се обврзала дека во понатамошните истражувања во областа ќе инвестира осум милиони долари.

Планирано е од таа сума два милиони американски долари да бидат потрошени оваа година.

Исто така, според договорот, „Фотурна“, во замена за финансирање на геолошки истражувања во јужна Србија, би можела да стекне 70 отсто од сопственоста во „Талмино проектот“.

Според  „Новости“, истражувањата се прават на површина од околу 200 квадратни километри на територијата на Србија.

Коментирај