Снајперист на канадските специјални сили во Ирак урна светски рекорд за најдолг потврден смртоносен погодок во историјата.
Во текот на воена акција против припадници на терористите од Исламска држава во Ирак, снајперистот ја погодил целта на оддалеченост од 3.450 метри. Погодокот е постигнат со пушката McMillan TAC-50 со калибар од 12,7 милиметри.
Претходниот рекорд го држеше Крег Харисон, кој во 2009 година погоди талибански терорист на оддалеченост од 2.475 метри.