Свет

Канадскиот премиер Трудо се запозна со бебето Џастин Трудо

17. јули 2017 - 12:26 | Б.С.Б.

Канадскиот премиер Џастин Трудо се запозна со малечкиот Џастин Трудо, синче на сириски бегалци кои го му го дале името во чест на познатиот политичар.

Двомесечното бебе, чие целосно име е Џастин Трудо Адам Билан на кратко се сретна со канадскиот премиер во Калгари, каде е родено. Неговите родители потекнуваат од Дамаск, а во Монтреал пристигнале во февруари минатата година. Мухамед и Афра Билан со овој чин му се заблагодарија на Трудо за гостопримливоста.

Во периодот меѓу ноември, 2015 година, откако Трудо стана премиер и јануари годинава повеќе од 40.000 сириски бегалци најдоа засолниште во Канада.

Коментирај