Канадските навивачи ја исвиркаа американската химна неколку часа по одлуката на Трамп

Макфакс/Кајгана
/ 03.02.2025 / 15:57

Неколку часа откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави воведување високи царини за канадски увоз, а по контроверзните предлози на Трамп Канада да стане 51-ва американска држава, незадоволството меѓу Канаѓаните станува сѐ повидливо, дури и во спортските арени.

За време на натпреварот во Националната хокеарска лига (НХЛ) во Отава каде домашниот тим Отава Сенаторс ја пречека Минесота Вајлд, канадските навивачи ја исвиркаа американската химна. Слична сцена беше повторена и за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Торонто Репторс и Лос Анџелес Клиперс, каде свирежите го задушија настапот на пејачот, а од друга страна, канадската химна беше интонирана со необичен жар и ентузијазам.

Администрацијата на Трамп воведе царини од 25% за сите канадски увозни производи во САД, со дополнителни 10% за енергетските производи, предизвикувајќи стравувања од сериозна трговска војна на северноамериканскиот континент. Економските аналитичари предупредуваат дека тоа може да има сериозни последици не само за Канада, туку и за американските потрошувачи, кои би можеле да се соочат со повисоки цени на горивото и основните потреби.

Покрај економските последици, одлуката на Трамп доаѓа и во контекст на неговите претходни изјави дека Канада треба да стане 51-ва американска држава – што претходно се сметаше за политичка провокација, но сега добива нова тежина.

Додека економските експерти предвидуваа значителен удар за канадската економија, политичките лидери во земјата, вклучително и премиерот Џастин Трудо, ги повикаа граѓаните да покажат солидарност. „Многу од нас ќе бидат погодени од ова и ќе имаме тешки моменти. Ве молиме бидете тука еден за друг. Сега е време да ја изберете Канада“, рече Трудо.

реклама

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Каков чај треба да пиете навечер за да заспиете побрзо?

Read more

Земја која се пласираше на Мундијалот е на списокот на Трамп за целосна забрана за издавање визи

Read more

Силвестер Сталоне отсекогаш сакал да глуми еден херој на Marvel

Read more

Свет

Американски војници на НАТО исчезнаа во Литванија, Руте смета дека се мртви

Read more

Најстариот еврејски весник за Додик: Негирач на геноцид зборува за антисемитизам - срам за Израел

Read more

Избран нов градоначалник на Истанбул по апсењето на ривалот на Ердоган

Read more

Кремљ поставува услови за прекин на огнот во Црното Море

Read more
 

Вести

Насилник од Радовиш ја тепал сопругата во живо на TikTok, приведен е

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата

Читај повеќе

Американски војници на НАТО исчезнаа во Литванија, Руте смета дека се мртви

Читај повеќе

Пет малолетници истепани од осум машки лица на автобуска во Скопје

Читај повеќе

Скопјанец ѝ се заканувал на сосетка, направил материјална штета

Читај повеќе

Најстариот еврејски весник за Додик: Негирач на геноцид зборува за антисемитизам - срам за Израел

Читај повеќе

Избран нов градоначалник на Истанбул по апсењето на ривалот на Ердоган

Читај повеќе

Кремљ поставува услови за прекин на огнот во Црното Море

Читај повеќе

Рудниците за литиум во Србија ги нема на списокот со стратешки проекти на ЕУ

Читај повеќе