Канаѓаните ги бојкотираат американските производи и ги откажуваат годишните одмори во САД поради Трамп

Макфакс/Кајгана
/ 05.02.2025 / 10:43

Свират и се исмејуваат на американската химна, ги откажуваат одморите во САД и ги бојкотираат американските производи: Канаѓаните на заканите за царини на американскиот претседател Доналд Трамп одговараат со гнев и патриотски шопинг.

„Сметам дека она што Доналд Трамп ѝ го прави на Канада е апсолутно одвратно“, рече Хјугет Бодоен.

Талкајќи низ супермаркет во Монтреал, 80-годишната жена застанала внимателно да ја проучи етикетата на пакувањето супа од кромид за да утврди дали е направено во САД.

Купувањето американски производи за неа, како и многу други, сега не доаѓа предвид, дури и ако тоа значи дека ќе мора да се одрече од нешто.

„Мораме да реагираме“, рече таа.

Трамп, кој овој месец триумфално се врати во Белата куќа, најави воведување царини од 25% на увозот од Канада, обвинувајќи ја Отава дека не прави доволно за сузбивање на илегалната имиграција и шверцот со фентанил.

Канадскиот премиер Џастин Трудо во понеделникот изјави дека американските царини, кои требаше да стапат на сила во вторник, ќе бидат одложени за 30 дена, откако му вети на Трамп дека ќе ги заостри безбедносните мерки на границата со САД, ќе назначи службеник за борба против фентанил и за сузбивање на перењето пари.

Но, во својата прва реакција, тој најави одмазднички царини, повикувајќи ги Канаѓаните да купуваат локално и да размислат да го поминат својот одмор во Канада наместо во САД.

Изгледа го послушаа. Неколку луѓе од различни градови со кои разговараше AFP пред да се објави суспензијата на санкциите рекоа дека ќе го направат токму тоа.

Памела Тенант, која живее во Онтарио, планирала да ја посети Јужна Каролина во март, но се предомислила, налутена од нападите на Трамп.

„Се плашам дека Американците на крај ќе поверуваат во она што го зборува Трамп“, вели таа. „Нѐ смета за лош сосед. На целиот свет му кажува дека сме лоши луѓе и дека ги искористуваме“, но тоа е „сѐ лага“.

На социјалните мрежи кружи список на американски производи што треба да се бојкотираат.

Неколку провинции, вклучително и Онтарио, која продава американски алкохолни пијалаци во вредност од 1 милијарда долари секоја година, соопштија дека веднаш ќе престанат да продаваат американско пиво, вино и алкохолни пијалаци во знак на протест.

„Не ја започнавме оваа битка, но ќе ја добиеме“, изјави во понеделникот премиерот на Онтарио, Даг Форд.

Бојкотот ќе има влијание врз американските производители и бизниси, но Канада сѐ уште е „релативно мал пазар“ за нив, така што ќе биде „првенствено симболичен“, вели Џулиен Фредерик Мартин, професор по економија на Универзитетот „Квебек“ во Монтреал.

Но, престанокот на пристигнувањето на канадските туристи „може да има значително економско влијание“ врз американските држави како Мејн, Флорида, Калифорнија и Аризона, рече Лорн Шихан, професор на Универзитетот „Далхози“, специјализиран за туризам.

САД се главната дестинација за одмор за Канаѓаните. Во 2023 година беа направени повеќе од 25 милиони посети за работа, одмор или шопинг.

И канадските навивачи изразија гнев, исвиркувајќи ја американската химна на НХЛ хокеј натпреварот на Отава Сенаторс против Минесота Вајлд, како и на кошаркарскиот НБА натпревар на Торонто Репторс против Лос Анџелес Клиперс.

реклама

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Претепан возач на пајак-службата

Read more

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Свет

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more

Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден

Read more

Планот на Трамп да стави крај на војната во Украина наскоро ќе биде откриен, познати се првите детали

Read more

Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Read more
 

Вести

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Читај повеќе

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Читај повеќе

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Читај повеќе

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Читај повеќе

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе