Канал 5 потврди дека новинарот Гоце Михајлоски е позитивен на коронавирусот

Откако беше соопштена веста дека медиумски работник е заразен со COVID-19 и тој бил во контакт со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Канал 5 излезе со потврда дека се работи за вработен во телевизијата.

„Свесни сме за тежината на актуелната ситуација, поврзана со светската пандемија на коронавирусот која зема замав и за жал , исклучок не беше и еден наш колега, Гоце Михајлоски.

Како професионална и одговорна компанија , која сигурно ќе го надмине и овој сериозен предизвик, потенцираме дека и ние самите сме изненадени од ваквиот развој на настаните, поради фактот што првиот тест кој го изврши колегата Михајлоски беше негативен“, стои во соопштението.

Понатаму, од Канал 5 објаснуваат дека викендот на 28 и 29 март оваа година, Михајлоски бил во посета на своте родители во Прилеп, од каде во понеделникот, на 30 март, продолжил со работа во дневно-информативната редакција, „без никакви елементарни сомнежи ниту симптоми“.

„Потенцираме дека подолг период веќе имаме воспоставено високи стандарди на заштита и контрола на нашите вработени, во смисол: задолжително мерење на телесна температура при влез во  компанијата, обезбедивме дезинфекциони пунктови на 5 локации, на секој кат, дополнително и во информативната редакција, задолжително работниот процес се извршува со помош на заштитни маски, а за делот на техниката и новинарите се обезбедени и пластични визири , за дополнителна заштита. Во четвртокот и петокот, во емисијата САМО ИНТЕРВЈУ, гости му беа Зоран Заев и Христијан Мицкоски, последователно, при што беа запазени сите протоколи“, се вели во соопштението од Канал 5.

Првите симптоми кај Михајлоски се појавиле на 5 април, во форма на малаксаност, замор и главоболка, по што веднаш околу 17.00 часот го напуштил работното место.

„Од  понеделник, 6 април, на барање на компанијата, колегата е во самоизолација а во меѓувреме тој забележува температура повисока од 38 степени, и бара од својот матичен лекар да добие упат за тестирање, но поради електронската анкета, нема доволни симптоми за да биде упатен на тестирање. На 7 април, во утринските часови, поради зголемената температура прави тест преку крв во една приватна болница, кој покажува дека е негативен на коронавирусот. Во четврток, 09.04.2020 колегата Михајловски заминува во Воена болница , каде е примен, а утринава не информираше дека сепак е позитивен на COVID-19“, објаснуваат од Канал 5.

Понатаму во соопштението се вели дека медиумот благовремено ќе ја известува  јавноста за сите новонастани моменти, а на колегата Гоце Михајлоски му посакуваат да се опорави што е можно побрзо.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе