КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА У21 ЕУРО 2023

Канатларовски со двајца „Кенгури“ ги почнува квалификациите

Филип Здравески
/ 24.08.2021 / 16:02

Новиот селектор на македонската младинска фудбалска репрезентација денеска го откри списокот на повикани играчи за новиот циклус квалификации.

Селекторот Драги Канатларовски; Фото: ФФМ

Драги Канатларовски, поранешниот одбранбен играч и член на првата генерација на репрезентацијата на Македонија по независноста, го наследи Благоја Милевски на клупата на У21 репрезентацијата. На почетокот од наредниов мњесец ќе го има својот прв предизвик во новата улога бидејчи почнуваат квалификациите за пласман на ЕУРО 2023 кое ќе се одржи во Романија и Грузија.

Младите македонски фудбалери прво патуваат за Ле Ман на мегдат со моќната Фрнација, а потоа на седми во Охрид ќе ја нагостат соседна Србија.

Селекторот повика 25 фудбалери од кои десетмина кои настапувата во странски клубови, а меѓу нив се и долгоочекуваните Македонци од далечната Австралија, стоперот Метју Божиновски и крилниот напаѓач Стефан Чолаковски.

Голмани:
Давид Денковски - Брегалница
Марко Алчевски - Академија Пандев
Стефан Тасев - Македонија ЃП

Одбрана:
Филип Антовски - Аустриа (Австрија)
Блертон Шеји - Шкупи
Мартин Величковиќ-Радуловиќ - Пелистер
Метју Божиновски - Мелбурн Виктори (Австралија)
Марио Младеновски - Ботев (Бугарија)
Бесник Ферати - Академија Пандев
Адриан Хајдари - Рапид (Австрија)
Јован Манев - Брегалница

Средина:
Агон Елези - Вараждин (Хрватска)
Енис Фазлагиќ - Жилина (Словачка)
Али Адем - Шкупи
Томче Гроздановски - Злате Моравце (Словачка)
Амел Рустемоски - Вил (Швајцарија)
Лука Станковски - Работнички
Арби Воша - Македонија ЃП
Димитар Тодоровски - Работнички
Методи Максимов - Работнички
Емир Скендери - Струга
Лука Трајковски - Борец

Напад:
Стефан Чолаковски - Мелбурн Сити (Австралија)
Марко Ѓорѓиевски - Шкупи
Марио Илиевски - Септември (Бугарија)

„Нов почеток и за мене и за фудбалерите. Со радост и  нетрпение ја очекувам средбата со фудбалерите. Оваа генерација започнува нов квалификациски циклус и навистина задоволството и честа да ја предводам се големи, исто како и нашите очекувања од квалификацискиот циклус. На списокот се повикани во моментот најдобрите фудбалери со кои располагаме. Еден од главните услови за да бидат во репрезентацијата е стандардно да настапуваат во своите клубови“, вели Канатларовски за ФФМ.

„Се надевам дека најпрвин квалитетно ќе ги одработиме подготовките, сите ќе бидат здрави и ќе се борат за место во почетниот состав. Најважно за мене е сите да бидеме во функција на тимот. Очекуваме дека новоповиканите фудбалери Божиновски, Чолаковски и Рустемоски ќе дадат дополнителен импулс на тренинзите и натпреаврите и како и сите останати да го дадат својот максимумот и да се бориме за позитивен резултат на воведните два натпревара“.

Собирот на македонската репрезентација е закажан на 29 август (недела). Првиот тренинг е истиот ден од 18 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе