Канје Вест: Black Lives Matter е измама

Американската рап ѕвезда предизвика контроверзии со критиката која ја упати кон движењето „Black Lives Matter“ откако се појави во маичка со натпис „White Lives Matter“.

Канје Вест, раперот познат по низа контроверзии и големото богатство кое го собра, предизвика нов бран на гнев откако го обвини „Black Lives Matter“ (BLM) движењето дека е „измама“, а претходно испровоцира онлајн притисок појавувајќи се во маичка со испишано „White Lives Matter“ (белите животи се важни).

„Сите знаат дека 'Black Lives Matter' беше измама. Сега тоа е завршено. Нема на што“, напиша 45-годишниот рапер на Instagram пост кој подоцна го избриша.

Напишаното очигледно беше одговор на критиките кои Вест ги доби откако во понеделникот ја носеше „White Lives Matter“ маичката за време не неговото Yeezy модно шоу во Париз, Франција, на кое беше промовирана новата Yeezy линија и каде манекенки продефилираа облечени во маици на кои беше испишан контроверзниот анти-BLM слоган. Дополнително, Вест беше фотографиран заедно со црномурната конзервативна инфлуенсерка Кендајс Овенс облечена во иста маичка со испишано „White Lives Matter“ на задната страна и слика на папата прикажана на предната страна.

„Одлуката на Канје Вест да носи 'White Lives Matter' маичка е одвратно, опасно и неодговорно. Некои од вас ќе се стрчаат да го бранат. Треба да се запрашате себеси зошто...“, објави на Twitter црномурниот писател и професор Марк Ламонт Хил.

URL

Раперот Џејден Смит, син на глумците Вил Смит и Џада Пинкет Смит, во знак на протест си замина од модното шоу на Канје. „Вистинските лидери водат. Не ми е гајле кој е. Ако не ја чувствувам пораката, напуштам. Црните животи се важни“, рече Смит.

BLM движењето го тресат низа финансиски скандали. На пример, новиот предводник на националната непрофитна организација BLM, Шаломаја Бауерс, беше обвинет во тужба дека проневерил повеќе од 10 милиони долари донирани пари за да ја плати својата консултантска фирма. Коосновачката на BLM, Патрис Кан-Калорс, силно заплива во водите на недвижниот имот минатата година, купувајќи 4 домови за вкупно 3,2 милиони долари. Беше обвинета и дека им платила на нејзиниот брат и таткото на нејзиното дете повеќе од 1,8 милиони долари вкупна сума поради давање услуги на BLM. Движењето доби повеќе од 90 милиони американски долари во донации во 2020 година.

Вест, кој претходно си го промени името во Је, се води како најбогат рапер во светот со богатство проценето на 2 милијарди според Forbes, најмногу поради неговиот моден бренд Yeezy. Често предизвикува контроверзии, како кога го посети тогаш претседателот Доналд Трамп во Овалната соба во 2018 и истата година во интервју изјави дека ропството било „избор“ за афроамериканците.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе