Канје Вест е новиот моден советник на Дејвид Летерман
Популарниот телевизиски водител Дејвид Летерман има ново шоу на Netflix кое е наречено „My Next Guest Needs No Introduction“, а во најновата епизода во него се појавува американскиот рапер Канје Вест.
Летерман отсекогаш важел за човек со стил, но со Канје покрај себе, изгледа дваесетина години помлад. Раперот го однесе до неговиот плакар и го облече во парчиња облека од неговата најнова модна колекција наречена Yeezy.
Откако се виде како изгледа, 72-годишниот Летерман рече дека „ако некој го однесе до трговскиот центар, би ги купил овие алишта бидејќи навистина му се допаѓа стилот, боите и патиките во комбинација со облеката.