Кантона без влакна на јазикот го критикуваше трансферот на Нејмар во ПСЖ

Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Ерик Кантона отворено го критикуваше трансферот на Нејмар во ПСЖ, истакнувајќи дека не ја разбира потребата на Бразилецот да игра во Франција.

Приказни и текстови околу лошата адаптација на Нејмар во Парис Сен Жермен, кои го расплакаа минатата недела, секогаш се сведуваа на едно основно прашање: зошто воопшто му беше потребно од највисоко ниво да се спушти на ниско натпреварувачко скалило?

Парите и вртоглавата плата од повеќе од три милиони евра месечно се исклучително значаен фактор за неговата преселба во Франција, но дали токму тоа било клучот во неговата одлука?

Во Барселона не заработуваше толку, но 12 милиони евра по сезона сигурно не е малку.

Во Парис Сен Жермен тој е главен во тимот, има право и да се расправа околу изведувањето на пенали, околу тренерот Унаи Емери и бројни други привилегии за кои пишувавме од порано.

Но, дали тоа навистина е доволна причина за да се напушти екипа која со него во тимот го играше и најубавиот фудбал?

Вакви и слични прашање не ја збунуваат само публиката, туку и луѓето конкретно од светот на спортот.

Легендата на францускиот фудбал и Манчестер Јунајтед Ерик Кантона во свој стил без влакна на јазикот јавно зборуваше за трансферот на Нејмар.

„Кога имате 25 години и играте стандардно во Барселона и репрезентацијата на Бразил, ќе треба малку да се запрашате зошто би заминале во Франција да играте против Генган или Амијен? Тоа веќе нема никаква поврзаност со фудбалот и страста, туку единствено со алчноста“, вели Кантона.

Оваа изјава на славниот Кантона ја продолжи и полемиката во шпанските медиуми, кои претходно зборуваа дека Нејмар во финишот од овој трансфер во ПСЖ наводно побарал од луѓето во Барселона да го стопираат трансферот, бидејќи се предомислил во последен момент.

Според пишувањето на „Марка“, тие не сакале ниту да ја разгледуваат таа опција, туку го казниле со разделба и преселба во Париз. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе