Зградата која некогаш служела како капела денес е преубав дом кој се продава за повеќе од милион фунти.
Се работи за поранешна баптистичка капела која задржала многу од своите оригинални карактеристики. Изградена во 1882 година повеќе од 100 години служела за религиозни цели. Сепак, сегашниот сопственик целосно ја реновирал и претворајќи ја во прекрасен семеен дом.
При реновирањето се работело детално, од водоводни цевки, преку електрични инсталации, до подно греење.
Сега е објект од отворен тип со висок плафон од нешто повеќе од 243 квадратни метри. Се влегува преку голема двојна врата директно во големиот дневен престој, ѕидовите се од тула, додека подот е дрвен. Големите прозорци овозможуваат влез на дневна светлина.
Дел од зданието се и кујна, трпезарија и ходник кој води до две спални соби, од кои едната има посебна бања. Капакот крие скалила што водат до подрум, кој може да се користи како остава, за чување вино или како втора дневна соба. Има и перална.
Вториот кат е резервиран за главната спална соба, гардеробер и уште една голема бања со када, а има и уште една спална соба која може да се пренамени во работна соба.
За време на процесот на реновирање, се водело сметка да се зачува историјата на капелата, така што оригиналните детали, вклучително и религиозните сцени сè уште се присутни.
Објектот се наоѓа во Саутбороу во Кент, Југоисточна Англија, и чини 1,15 милиони фунти.