Капетан Меси прв го напушти бродот што тоне – Аргентинците бесни на невидливиот водач

Хрватска ја победи Аргентина со 3:0 во второто коло од Светското првенство во Русија и се пласираше во осмина финалето. Аргентинските медиуми за дебаклот го обвинуваат Лео Меси, капитен на репрезентацијата и еден од најдобрите фудбалери на светот.

Спортскиот весник „Оле“ во текстот со наслов „Кошмарот на Меси“ пишува: „Капитенот повторно беше отсутен, играше лошо, само се појави на натпреварот од кој излее гледајќи в земја. Со таков Лео немавме шанси за победа.“

„Оле“ нагласува дека „аргентинската репрезентација не знае да се носи со фрустрација, а истиот проблем го има и Меси.“ Тој не е виновен што голманот Кабалеро им го подари првиот гол на Хрватите, но е виновен што не покажа сила и бунтовен дух за да го крене моралот на екипата пред и по првиот гол.

„Точно е дека Меси нема со кого да игра, бидејќи Павон и Дибала влегоа предоцна во игра. Беше изгубен. Неговите зелени копачки беа единсствената работа по која се истакна на теренот против Хрватска, во поразот по кој Аргентина е на раб да излезе од СП. А да не забораваме дека едвај се пласираше.“

Исто така, медиумите потсетуваат и дека аргентинската репрезентација премногу зависи од Меси.

„Сите гледаат во него и очекуваат од него да направи сѐ. Но, Меси се исклучи, а со него и репрезентацијата. Се знаеше дека оваа репреентација може да направи нешто на СП само ако е добра нејзината ‘десетка’. Но, на првите два натпревари, водачот беше невидлив.“

„Оле“ предупредува и на говорот на тело на Меси што цело време го оддава во каква состојба е, како и на несфатливото однесување по натпреварот со Хрватска.

„Го закова погледот во земја, што е недозволиво за кого било, уште помалку за водачот на екипата. Секогаш е со соборен поглед и иако е капитен, прв ја напушти екипата што тоне и побегна во соблекувална. Но, неговиот кошмар уште не е завршен.“

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе