Караџоски: Јас и мојата фамилија не сме корумпирани, ако некој бара оставка треба да ја аргументира

Јас и мојата фамилија ниту некогаш сме биле ниту ќе бидеме мафијаши ниту ќе бидеме корумпирани, а особено не се продаваме за ситни пари. Ако некој од нас бара оставка треба да аргументира зошто ја бара, рече претседателот на Комисија за заразни болести, Жарко Караџоски.

Тој на денешната прес-конференција посочи дека во Комисијата има професионалци со 30 години искуство, таму има луѓе кои имаат свои семејства и не е во ред некој за нив да вели дека се мафијаши или корумпирани.

– Јас сум член на Комисијата за заразни болести од 1994 година. Во континуитет 26 години. Во состојба кога било која партија била на власт, внатре биле исклучиво професионалци од областа. Дури и кога била друга политичка партија на власт, јас сум бил таму, затоа што сум професионалец. Бевме обвинувани дека земаме грдни пари, дури дека се продаваме за ситни пари и дека сме мафијаши, рече Караџоски.

Тој додаде дека ако некој треба да си поднесе оставка, тогаш треба да си поднесат оставка тие што бараат оставка од него, ако мислат дека се толку способни.

– Имам автомобил 18 години стар, имам двособен стан, а не хациенда како што се пишуваше. Нека ми каже некој преку која Комисија, истражна, дали полиција, финансиска полиција, завршна сметка или било кој потпис министерот ми има потпишано екстра пари мене или на Комисијата. Нека дојде Меѓународна комсија тоа да го провери. Ние од Комисијата сме чисти како солза. Сме направиле 132 состанока, имаме аргументација од 50 страни, додаде Караџоски.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе