Караџоски: Никој не се заразува од гласање, туку од непочитување на мерките

Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК, но ние не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид. Никој нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита, вели претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски.

Тој во интервју за Слободен печат, посочува и дека заразата со ковид-19 не се шири со одење на гласање, туку со непочитување на мерките.

– Комисијата доби задача да изготви изборен протокол. Никој никогаш не ни рекол кога ќе бидат изборите. ДИК во полн состав беше повикана кај нас, а од нас беше побарано да им дадеме критериум за да се спроведе изборниот ден. Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК. Но, ние кажавме дека не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Само кажавме кои критериуми треба да се задоволат за да се спроведат. И во соседството се подготвуваат за избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид. Затоа што никој во нашиот нормален живот нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита, за дистанца, ако носи маска или ако се дезинфицира. Значи, направивме протокол кој важи кога и да се одржат изборите, изјави Караџоски.

Комисијата за заразни болести по барање на претседателот Стево Пендаровски по лидерската средба во средината на минатиот месец, изготви протокол за одржување на изборите. Препорача строго придржување кон мерките за заштита, носење маски и ракавици, држење дистанца и дезинфекција во текот на кампањата и на денот на изборите, а ако е можно, и продлжување на периодот на гласање за два часа.

Пртоколот предвидува сите активности во кампањата и пред неа да се одвиваат исклучително почитувајќи ги физичката дистанца од 1,5 до 2 метра, миење и дезинфекција на рацете, носење заштитна маска или прекривка на устата и носот за време на сите партиски активности во затворени простории, но и на отворени кога нема да може да се држи дистанца.

На сите собири што се одржуваат на отворен и во затворен простор мора да се почитуваат мерките и да се користи разглас за да се избегне концентрација на повеќе лица на ист простор. При водењето кампања од врата на врата, мора да се носи заштитна опрема, да се држи дистанца од соговорниците, да не се влегува во домаќинствата туку само на врата или во дворови.

Партиските активности наместо во штабови да се спроведуваат на отворено, а ако е неопходно да се се внатре, да се почитуваат сите мерки, да не траат подолго од два часа и потоа да се проветрува, и да се врши секојдневна дезинфекција;

На пунктовите за рекламен материјал да не се собираат поголем број граѓани, а на еден штанд да има најмногу двајца активисти. Партискиот превоз да се се спроведува со средства за јавен превоз, искористеноста на капацитетот на возилото да биде 50 проценти и сите внатре да носат заштитна опрема, а превозниците да обезбедат средства за дезинфекција

Протоколот за денот на гласање предвидува членовите на избирачките одбори и набљудувачите да носат заштитни маски и ракавици, прозорците да бидат отворени или да се проветрува на секој час, да се дезинфицираат рацете. Гласачите треба да чекаат на дистанца од два метра, при влегување на избирачко место да се дезинфицираат рацете, да се носи заштитна опрема, при давањето лична карта кратко да се тргне маската за идентификација, по гласање повторно да ги дезинфицираат рацете. Во просторијата да нема повеќе гласачи од бројот на боксови за гласање. Комисијата, исто така, препорача, ако е можно, да се продожи времето на гласање за два часа.

реклама

Проститутките први на удар на засилените КОВИД мерки

Read more

Се влошува војната меѓу Ерменија и Азербејџан

Read more

Турски F-16 урнал ерменски Su-25 авион

Read more

Нагорно-Карабах: Не е важно кој прв почна, туку кој стои зад војната

Read more

Македонија

Променливо облачно со температура до 24 степени

Read more

Владата одобри целодневна настава

Read more

Владата го усвои протоколот за работа на игротеките

Read more

Позитива на денот: 3-годишниот Реџеп го победи ракот и го огласи ѕвончето на Детската клиника во Скопје

Read more

Вести

Променливо облачно со температура до 24 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Каталонците со свински глави удрија по шпанската полиција

Читај повеќе

Турски F-16 урнал ерменски Su-25 авион

Читај повеќе

Владата одобри целодневна настава

Читај повеќе

Владата го усвои протоколот за работа на игротеките

Читај повеќе
  • play_arrow

Се влошува војната меѓу Ерменија и Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Позитива на денот: 3-годишниот Реџеп го победи ракот и го огласи ѕвончето на Детската клиника во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Косово и Нагорно-Карабах не може да се споредуваат

Читај повеќе

Фетаи не е задоволна од пресудата за „Насилство во Центар“, Обвинителството ќе поднесе жалба

Читај повеќе