Македонија

Караџовски: Треба да се вакцинираат 15.000 деца за да запре епидемијата

11. февруари 2019 - 15:10 | Кајгана/МИА

„Вакцинацијата во Република Македонија не е на задоволително ниво за да се одржат 95 проценти заштитен имунитет кај населението. За да запре епидемијата 15.000 деца кои не се вакцинирани треба да се вакцинираат“, изјави епидемологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје на РМ.

За неполни четири дена починаа три деца од компликации од морбили. Последниот случај е 13-месечно дете од тетовско, лекувано на Клиниката за детски болести во Скопје и пуштено дома. Во петокот детето било префрлено на Инфективна клиника со клиничка слика на морбили, во тешка состојба. Детето е вратено на Педијатрија каде и починало. Детето не било вакцинирано.

„Со апстиненцијата од вакцинација го доведувате вашето дете во огромен ризик. Правете нешто што може да ви биде жал и да се каете цел живот. Зошто? Преку вашата немарност или залуденост од социјалните мрежи каде ќе најдете секакви податоци се доведувате себе во ризик да заболите ако не сте имунизирани, децата се ни криви ни должни. Немојте да направите геноцид на своето дете“, изјави Караџовски.

Коментирај