Карамел чизкејкот со путер од кикиритки е совршен за љубителите на благо, многу е богат и кремаст.
Потребни состојки:
за основата
- 190 гр мелени грахам крекери
- 130 гр путер
за филот
- 380 гр крем сир
- 125 гр шеќер
- 125 гр путер од кикиритки
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 3 големи јајца
- 60 мл слатка павлака
за слојот од карамела
- 125 гр шеќер
- 6 лажици путер
- 60 мл слатка павлака
за декорација
- 2 банани
- 30 гр кикиритки
- карамел прелив
Подготовка:
Прво загрејте ја рерната на 160°C. Во средна чинија измешајте ги мелените грахам крекери и стопениот путер. Смесата притиснете ја на дното на тавата. Се пече 10 минути, па се остава да се излади. Направете го филот со матење крем сирење и шеќер во поголем сад додека не се изедначи. Додадете ги путерот од кикиритки и екстрактот од ванила и измешајте додека убаво не се соедини.
Додадете ги јајцата едно по едно, матејќи по секое додавање. Изматете ја и слатката павлака. Прелијте го филот врз оладената кора. Печете 50-60 минути. Оставете да се излади на собна температура, а потоа ставете во фрижидер најмалку 4 часа, или преку ноќ.
За карамел сосот растопете го шеќерот во тава на средна температура со постојано мешање додека не добие златно кафена боја. Додадете путер и мешајте додека не се стопи. Полека додадете ја слатката павлака, мешајте додека не се изедначи. Тргнете од оган и оставете малку да се излади.
Карамелот прелијте го над изладениот чизкејк и рамномерно распоредете. Оставете во фрижидер 30 минути. На површината на чизкејкот наредете парчиња (тркалца) банана и посипете со здробени кикиритки. Пред сервирање, покријте со прелив од карамела.