Карантинската забава му се удри од глава на Дибала - Јуве ги прекина преговорите

Иднината на Пауло Дибала во Јувентус е многу понеизвесна откако торинскиот клуб ја повлече понудата за нов договор.

Аргентинецот има договор до крајот на следната сезона. Според договорот, тој заработува седум и пол милиони евра годишно. Јувентус му понуди нов договор со годишна плата од 10 милиони евра. Дибала побара дури 15 милиони евра, а италијанскиот шампион, тврди Calciomercato, решил да ја повлече понудата.

Одлуката дојде откако Дибала присуствуваше на забава и на тој начин, заедно со соиграчите Артур Мело и Вестон Мекени, ги прекршија протоколите за борба против пандемијата на коронавирус, додека цело Торино беше во карантин.

Calciomercato пишува дека Јувентус му рекол на Дибала дека може да остане во клубот и да потпише продолжување на договорот, но под истите услови како и претходно. Се очекува Дибала да ја одбие понудата и да го напушти Јувентус во следниот преоден рок. Италијанскиот шампион веројатно ќе го продаде за во 2022 година да не остане без него и без обештетување, затоа што тогаш може да замине како слободен агент.

Дибала пристигна во Јувентус од Палермо во 2015 година. За „Старата дама“ одигра 243 натпревари и постигна 98 голови.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе