Кардиолог советува како да го намалите ризикот од срцев удар

Срцев удар се случува кога протокот на крв во срцето е намален или прекинат, лишувајќи го срцето од многу потребниот кислород.

За среќа, постојат многу начини да се намали ризикот од срцев удар, а според кардиолозите, откажувањето од пушење е еден од најефикасните чекори.

„Пушачите имаат двојно поголем ризик од срцев удар, а придобивките од откажувањето се речиси моментални – во рок од 24 часа ризикот почнува да се намалува“, вели кардиологот Григориј Ј. Мишкел. Кардиологот Џејн Морган додава: „Дури и една цигара значително го зголемува ризикот“.

Пушењето му штети на срцето на повеќе начини, вклучително и оштетување на артериите, зголемување на крвниот притисок и создавање наслаги. Исто така, значително го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Откажувањето од пушењето му овозможува на телото да се опорави и крвниот притисок и отчукувањата на срцето се враќаат на поздрави нивоа.

„Доследноста е клучот за успехот. Ако моментално пушите, побарајте поддршка од лекар или професионален советник за да си поставите мали, остварливи цели и постепено да се откажете“, советува д-р Мишкел.

Сепак, дури и непушачите не се целосно ослободени од ризик. Ризикот од срцев удар се зголемува со возраста, особено кај мажите над 45 години и кај жените над 50 години. Усвојувањето здрави навики, како што е медитеранската исхрана, може значително да го намали ризикот. Оваа диета вклучува многу зеленчук, овошје, риба, цели зрна и здрави масти, додека ги ограничува шеќерот, солта и заситените масти. Исто така, редовното вежбање, најмалку 150 минути неделно, го зајакнува срцето и го намалува холестеролот.

Управувањето со стресот, добриот сон и умереното внесување алкохол дополнително придонесуваат за здравјето на срцето.

„Хроничниот стрес го зголемува крвниот притисок и предизвикува воспаление, што може да доведе до проблеми со срцето“, објаснува д-р Мишкел, советувајќи техники како што се медитација, длабоко дишење и физичка активност. Д-р Морган, исто така, ја нагласува важноста на придржувањето кон препишаните лекови за холестерол бидејќи тие можат да спасат животи.

Грижата за здравјето на срцето бара внимателни чекори, но секој труд се исплати. Со усвојување на овие навики, не само што го намалуваме ризикот од срцев удар, туку и го подобруваме целокупното здравје на нашето тело.

реклама

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Read more

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Здравје

Четири суплементи кои луѓето со висок притисок треба да ги избегнуваат

Read more

Лекарка предупредува на знаци на инсулинска резистенција кои многумина ги занемаруваат

Read more

Пет додатоци во исхраната кои помагаат кога кортизолот е превисок

Read more

Најлошата утринска навика за срцето, според кардиолозите

Read more
 

Магазин

Четири суплементи кои луѓето со висок притисок треба да ги избегнуваат

Читај повеќе
  • play_arrow

Како вештачката интелигенција ја налути цела поранешна Југославија?

Читај повеќе
  • filter

Во еден час собрани 683.000 денари за граѓански иницијативи на донаторскиот кружок на Конект

Читај повеќе

Лекарка предупредува на знаци на инсулинска резистенција кои многумина ги занемаруваат

Читај повеќе

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Читај повеќе

Пет додатоци во исхраната кои помагаат кога кортизолот е превисок

Читај повеќе

10 причини зошто пешачењето не ви покажува резултати

Читај повеќе

Научниците откриваат навика која може да ја врати биолошката возраст назад за 12 години

Читај повеќе

Што му предвидува големиот летен љубовен хороскоп на вашиот знак?

Читај повеќе