Најважно е здравјето

Кардиолози тврдат дека најверојатно е крај со кариерата на Ериксен

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен доживеа срцев удар среде натпреварот на Европското првенство меѓу Данска и Финска. Еден од најпознатите спортски кардиолози во Англија, Санџај Шарма, вели дека е знак на прашање дали 29-годишниот фудбалер ќе продолжи со фудбалот.

Познатиот кардиолог тврди дека ова најверојатно му е последниот натпревар во кариерата. Срцето на фудбалерот престана да чука пет минути и поради ризик од ново нарушување на здравјето, тешко дека ќе игра понатаму.

„Веројатно е тоа крај на неговата кариера“, порача и доктор Скот Мареј, главен консултант за кардиологија во Националната здравствена служба на Обединетото Кралство.

Постои и добар аргумент за тоа.

„Италијанците им забрануваат на луѓето со срцеви абнормалности да се занимаваат со спорт, таков е законот“, изјави Мареј за фудбалерот кој настапува за Интер.

„Така работат веќе 20 години и со тоа степенот на смртност од срцев удар во спортот е намален од три на помалку од еден процент. Веројатно Ериксен ќе мора да има посебен пејсмејкер, уред кој ја следи работата на срцето и предупредува на проблеми“, објасни тој.

Ериксен има само 29 години и никогаш претходно немал срцеви проблеми, ниту претходните тестирања покажале неправилности.

И доктор Шарма го дели истото мислење, во Англија не би можел да игра бидејќи законите се строги.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе