Кари дојде, шутираше и победи: 11 погодени тројки за победа над Далас

Седум натпревари беа на програмата на НБА лигата синоќа, меѓу кои и дуелот помеѓу актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс и Далас Маверикс, во кој со индивидуална игра блеснаа Стеф Кари и Лука Дончиќ.

Тимот на Далас Маверикс не успеа да го одбрани домашниот терен и беше поразен од Голден Стејт Вориорс со резултат 114:119.

Враќањето на Стеф Кари во составот на Голден Стејт Вориорс носи една нова димензија кај шампионот, кој со него во поставата изгледа несовладлив. Двократниот МВП синоќа постигна 48 поени, од кои 33 дојдоа од зад линијата за три поени, и уште еднаш покажа дека е главната алка во составот на Вориорс. Како и обично, одлична поддршка му беше Кевин Дурент, кој вечерта ја заврши со 28 поени и 7 скока.

Играчите на Далас Маверикс оваа недела се потресени од разочарувачката вест дека резервниот плејмејкер Џеј Џеј Бареа ќе го пропушти остатокот на сезоната поради повреда. Синоќа се забележа неговото отсуство, иако Лука Дончиќ се обиде да ја пополни празнината оставена од Порториканецот со 26 поени, 6 скока и 5 асистенции, кои сепак не беа доволни за избегнување на пораз.

Останати резултати:

Њујорк Никс – Филаделфија Севентисиксерс 105:108

Вашингтон Визардс – Торонто Репторс 138:140 (по две продолженија)

Атланта Хокс – Милвоки Бакс 114:133

Орландо Меџик – Хјустон Рокетс 116:109

Денвер Нагетс – Портланд Трејл Блејзерс 116:113

Лос Анџелес Лејкерс – Кливленд Кавалирс 95:101

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе