Karlmann King – поглед во најскапиот SUV во светот
Директорот на компанијата Tesla Илон Маск претходно изјави дека Cybertruck би можел да достигне цена од милион долари поради проблеми со добавувачите и други фактори, но сега постои поголема можност овој SUV да чини многу повеќе.
Станува збор за SUV Karlmann King чија основна цена изнесува милион долари, подобриот модел чини два, а цената може да достигне и над три милиони долари.
Компанијата Karlmann има вработено 1800 лица и произведува SUV по желба на купувачите. Моделот е заснован на Ford F-550. Го движи 6,8-литарски V10 мотор.
Купувачите може да нарачаат модел кој е отпорен на куршуми, позади има само две седишта, амбиентално осветлување, бар за пијалаци, апарат за кафе и конзола PlayStation.
Погледнете ја галеријата.