Карлос Тевес му се враќа на фудбалот - стана тренер

Поранешниот напаѓач на репрезентацијата на Аргентина неодамна ја заврши играчката кариера, а веќе заплива во тренерските води.

Поранешниот голгетер Карлос Тевес, кој сега има 38 години, е именуван за нов предводник на аргентинскиот прволигаш Росарио Сентрал, од истоимениот град кој се наоѓа во северниот дел на земјата, 300 километри северозападно од престолнината Буенос Аирес.

Тевес кариерата официјално ја заврши на почетокот од месецов, но немаше одиграно натпревар откако ја напушти Бока Жуниорс минатата година. Пензијата ја најави уште лани кога рече дека физички се чувствува подготвен да игра до 42 години, но ментално не е подготвен за тоа поради смррта на неговиот татко во февруари лани.

URL

Бидејќи во кариерата важеше за контроверзен играч, речиси никој не можеше да го замисли Тевес како тренер. Токму тоа се случи и тоа кратко по одлуката за пензионирање.

Тимот на Росарио Сентрал минатата сезона заврши на 16. место во аргентинската Примера. Игра на стадионот „Хиганте де Арожито“ кој е со капацитет од 41.654 гледачи. По 4 кола во новата сезона Росарио има 4 бода со скор од 1 победа, 1 реми и 2 пораза.

URL

Тевес кариерата ја почна во младиснките погони на Ол Бојс, пред да се пресели во Бока Жуниорс. Играше и за Коринчјанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и Шанхај Шенхуа. За репрезентацијата на Аргентина одигра 76 натпревари на кои постигна 13 гола. Беше дел од Мундијалите 2006 и 2010, а трипати губеше во финале на Копа Америка (2004, 2007 и 2015).

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе