Кармен од Жорж Бизе на 1 март на сцената во Националната опера и балет

На 1 март со почеток во 20:00 часот во Националната опера и балет ќе се изведе една од најпознатите и најпопуларни опери во историјата – „Кармен“ од Жорж Бизе.

Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартинeнги, режијата и сценографијата се на Нина Најденова и Елена Иванова од Бугарија, костимографијата е на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Заводливата Кармен е симбол на независност и страст, но и на трагичниот крај на љубовта што не познава граници. Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хосе ќе настапи тенорот од Кина, Ѕ-Жао Гуо, во улогата на Ескамилио ќе настапи, Васко Здравков, во останатите улоги ќе настапат: Злата Тошевска-Димовска, Ана Ројдева-Талевска, Соња Пендовска-Мадевска, Драган Ампов, Невен Силјановски, Кристијан Антовски заедно со хорот, балетскиот ансамбл, оркестарот на Националнатa опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје под раководство на Весна Димчевска.

Најпознатото дело на Жорж Бизе е операта „Кармен“ од 1875 година која е заснована на романот (излезен во 1846 година) кој го напишал Проспер Мериме. Операта „Кармен“ веднаш не постигнала успех, а Бизе бил многу разочаран, но за утеха брзо дошла пофалба од своите колеги композитори како што се Камиј Сен-Санс, Петар Илич Чајковски и Клод Дебиси, кои веднаш ја препознале убавината на операта. Во брзо време публиката почнала да го дели истото мислење со овие композитори и „Кармен“ станала една од најпознатите опери во историјата.

Тагови
реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Read more

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2025 година

Read more

Румена Бужаровска: „Тони“ за неколку месеци го доживува третото издание

Read more

„Клинци“ по седми пат вечерва во Europe House во Скопје

Read more

Today It’s All About Jazz по деветти пат во Скопје

Read more
 

Вести

Историска пресуда: Прв град во Европа што го забрани рекламирањето на фосилни горива

Читај повеќе

СДСМ почна постапка за утврдување кандидати за локалните избори

Читај повеќе

Незаконски и неуставно е одобрението за отворање на приватното средно училиште во Кондово

Читај повеќе

Кривична против полицаец за крадење струја

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2025 година

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќајот во Скопје поради првомајскиот протест

Читај повеќе

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Читај повеќе

Румена Бужаровска: „Тони“ за неколку месеци го доживува третото издание

Читај повеќе

50-годишник од Охрид повеќе пати силувал малолетничка

Читај повеќе