МК сцена

Каролина ќе го промовира “Македонско Девојче 2” со пет концерти во МОБ

3. декември 2013 - 16:26 |

Каролина Гочева го најави излегувањето на нејзиниот нов албум „Македонско девојче 2“ кој во слободна продажба ќе излезе на 25-ти февруари 2014. За промоција на албумот ќе бидат одржани пет концерти во МОБ.

Првите копии од новиот албум ќе ги добијат посетителите на петте концерти, кои ќе се одржат од 20-ти до 24-ти февруари. Со секоја купена влезница на денот на концертот, посетителите ќе добијат примерок од албумот.

Цената на пакетот, сочинета од влезница плус луксузно дигипак издание ќе изнесува 600 денари. Влезниците во продажба ќе бидат пуштени од понеделник 9-ти декември.

Првиот сингл „Чалгиска“ од новиот албум “Македонско Девојче 2, ќе биде објавен на 6-ти декември во 21 часот на официјалната Facebook страна на Каролина и Facebook страната на Авалон Продукција.

Коментирај