Картинг ѕверка со дозвола за на улица - D8 GTO JD70
Најавувајќи го како „легален картинг за двајца“, холандската компанија Donkervoort претстави D8 GTO JD70, со цена за Европа од 163.636 евра. Ова е прв 2G суперспортски автомобил и ќе биде произведен во само 70 примероци.
Поставен е на cut slick гуми Nankang AR-1, а го придвижува 2,5-литарски петцилиндарски турбобензинец на Audi кој развива 420 коњски сили, во комбинација со петтостепен менувач.
Тежи нешто помалку од 700 килограми, од 0 до „стотка“ забрзува за 2,7 секунди, а од 0 до 200 км/ч за 7,7 секунди.
Ако ве копка да слушнете и како звучи оваа ѕверка, кликнете ТУКА.