Касами: БЕСА нема да гласа за новата влада

По неколкудневни преговори со лидерот на СДСМ Зоран Заев, БЕСА одлучи дека нема да биде дел од новата влада. Заев не ги прифати принципите на БЕСА и не потпиша договор за заедничко владеење, и тоа е основниот мотив што не сме дел од владата, рече лидерот на партијата Билал Касами.

„Ние и понатаму остануваме важен фактор во заштита на интересите на Албанците. БЕСА останува во опозиција, но отворено ќе поддржи реформи кои се однесуваат на подобрувањето на статусот на Албанците и сите граѓани. БЕСА има свои принципи и не отстапува од нив, ние не сакаме да бидеме како Ахмети, кој тврдеше дека Груевски е виновен што не се остваруваат правата на Албанците“, рече Касами.

На новинарско прашање што подразбира под „редефинирање“, Касами рече дека тоа не е толку опасно како што се претставува, бидејќи се бара Албанците да бидат дел од одлуките кои ги носи државата.

„Не се работи за бинационална држава, туку треба да се прифати реалноста и таа да се рефлектира во регулирањето на државата и институциите. Ние и понатаму ќе се бориме за нашите права и ќе бидеме доследни до крај да падне овој режим“, додаде Касами.

Тој порача дека веќе го поддржале укинувањето на екстерното тестирање, потоа дека ќе дадат поддршка на СЈО, на одредени реформи од областа на владеењето на правото, како и други закони кои се однесуваат на подобрување на статусот на граѓаните на Македонија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе