Касано: Реал ми даваше 5 кг Nutella и ме направи свиња

Антонио Касано, лошото момче на италијанскиот фудбал, во Реал Мадрид мина само година и пол. Но, останаа неразјаснети бројни анегдоти од неговата кратка кариера во шпанската престолнина.

Рома славеше кога му го ували на Реал за цена шестпати помала од онаа за која го купи

Големиот талент на Касано остана во сенка на неговата недисциплина и инцидентите што ги предизвикуваше. Тој дојде во Реал во јануари 2006 година со репутација на еден од најталентираните, но и најнескротените млади фудбалери во светот. На крајот на краиштата, Рома, која пет години претходно го направи најскапиот тинејџер во историјата кога на Бари му плати 30 милиони евра, го чинеше Реал шестпати помалку.

Роналдо и Бекам немаа проблем да се резерви во Реал, но Касано дивееше заради тоа

Касано, по одличниот старт и гол само неколку минути откако влезе во игра во своето деби за Реал, покажа зошто е поим за недисциплина. Тешката ситуација со него стана неподнослива летото 2006 година. Тогаш Реал го презема Фабио Капело, со кого Касано исто така војуваше во Рома. Во ист стил продолжи и во Реал, каде играше полошо, поради што беше преселен на клупата. Седењето меѓу резервите на Реал не беше проблем дури ни за Роналдо и Дејвид Бекам, но беше за Касано, кој дивееше врз Капело пред сите, па затоа беше исфрлен од тимот.

Касано и Бекам во дресот на Реал
Испорака на проститутки, кроасани со чоколадо и десетици килограми Nutella

Надвор од теренот, тој се истакнуваше со оргии со проститутки и прејадување со благо. Касано раскажа како постојано нарачувал продавачки на секс и огромни количини чоколадни кроасани во неговата хотелска соба. Во Мадрид го доби прекарот Дебелиот, а Реал го казнуваше за секој грам над дозволеното, но тоа не помогна. Сепак, во разговор со Фабио Канаваро и Кристијан Виери, за Bobo TV во сопственост на Виери, Касано го обвини Реал за неговото прејадување и дебелеење во Мадрид.

„Кратко по доаѓањето во Реал ослабев 12 килограми затоа што бев страшно мотивиран да се докажам во најголемиот клуб во светот, откако ме избркаа од Рома. Проблемот се појави затоа што еден од спонзорите на Реал во тоа време беше Nutella, која на секој играч му даваше 5 килограми од својот крем“, Касано објаснува како започнал неговиот пад во Реал и продолжува:

„Капело ме избрка од тимот и тогаш почнав да се прејадувам со Nutella“

„Кога дојде Капело, постигнав два гола на првите два натпревара и се чувствував како господар на светот. Сепак, потоа ме замени во првото полувреме против Лион поради што се испокарав со него во Херес и ме избрка од тимот. Тогаш толку ѝ се нафрлив на Nutella-та, што за седум месеци качив 14 килограми, станав свиња. Секогаш јадев Nutella со лажица директно од тегла. Јадев толку многу што беше одвратно, но не ми беше гајле“.

Касано сега се кае за своето однесување кон Капело: „Многу ми е жал за сè што му направив затоа што тој е личност која многу ја ценам и многу ја сакам“.

Во неговата единствена сезона под водство на Капело во Реал, Касано ја освои титулата шампион на Шпанија, но, прејаден со Nutella, придонесе за тоа со само 7 настапи и еден гол, пред да биде вратен назад во Италија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе