Кашмир: Први снимки од соборениот авион и заробениот пилот

Пакистанската војска тврди дека утрово соборила два индиски воени авиони кои го нарушиле воздушниот простор на земјата во спорниот регион Кашмир. Телевизијата SAMAA објави снимка од падот на индискиот авиони откако беше соборен од пакистанските сили.

Пакистан објави и снимка од заробениот индиски пилот.

Според Reuters, најмалку три пакистански воени авиони влегле во воздушниот простор над индискиот дел на Кашмир. Индија потоа испратила борбени авиони во пресрет на пакистанските. Пакистанските авиони пукале и собориле индиски авиони на свој воздушен простор. Еден авион паднал на територија која е под контрола на Пакистан, а друг авион паднал на територијата на Индија.

AP пренесува дека индиските авиони биле соборени откако ја минале линијата на контрола која го дели Кашмир на пакистански и индиски дел. По извештајот за пакистанската акција, индиските власти затвориле најмалку четири аеродроми во северниот дел на земјата, а откажани се десетина летови.

Пакистан го затвори својот воздушен простор поради опасност од поголем конфликт со соседна Индија, соопштија од Управата за цивилно воздухопловство и воени претставници во земјата.

Пакистанските вооружени сили денеска соборија два индиски воени авиона, за кои се тврди дека навлегле во воздушниот простор на Пакистан.

Индија вчера покрена воздушни напади во внатрешноста на Пакистан во кои се убиени стотина екстремисти во кампови за обука. Тие напади беа одмазда за нападот на индиски воени трупи во Кашмир. Тензиите меѓу двете земји се зголемија по самоубиствениот напад на 14 февруари на индиски паравоен полициски конвој, во кој загинаа најмалку 40 војници.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе