Касиљас соопшти дека се пензионира

Легендарниот шпански голман објави дека официјално се пензионира од активно играње фудбал.

Уште една легенда го напушта фудбалот. Голманот Икер Касиљас попладнево на Twitter објави дека ги закачува копачките и се простува со местото помеѓу стативите.

„Важен е патот кој го одиш и луѓето кои те придружуваат, не судбината до која ќе те однесе, бидејќи таа со работа и труд, доаѓа сама и верувам дека можам да кажам, без сомнеж, дека ме одведе по патот и до судбината кои ги сонував #Grac1as“, твитна Икер.

URL

Дете на Реал Мадрид, Касиљас скоро целата кариера ја мина во својот матичен клуб за кој одигра 725 натпревари во сите натпреварувања, а помина 16 сезони во кои освои 5 титули во Ла Лига, 2 во Копа дел Реј, 4 шпански Суперкупа, 3 Лига на шампиони, 2 УЕФА Суперкупа, 2 Интерконтинентални купа и 1 Светско клупско првенство.

Летото 2015 година го напушти Реал и замина во португалскиот гигант Порто каде мина 5 сезони. Одвои 2 титули шампион на Португалија и по 1 Куп и Суперкуп.

На 1 мај 2019 година за време на тренинг Касиљас доби мал инфаркт по што повеќе не заигра. Се лечеше, а иако беше во составот на Порто, го одложуваше враќањето не сакајќи да ризикува. Денес одлучи дека на 39 години е време да замине во заслужена пензија.

Касиљас долги години беше и број 1 во шпанската репрезентација. Дебитираше во 2000 година наследувајќи го Сантјаго Кањизарес, а потоа се афирмираше како незаменлив во „Фуријата“. Освои две титули европски шампион (2008 и 2012) и една мундијалска, онаа во 2010.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе