Фудбал

Касиљас потврди: Ќе се кандидирам за претседател на Шпанската федерација

17. февруари 2020 - 17:24 | МИА/КАЈГАНА

Европската фудбалска легенда Икер Касиљас потврди дека ќе се кандидира за претседател на Шпанската фудбалска федерација.

Триесет и осумгодишниот голман има договор со португалскиот гигант Порто, но тој не играл од мај минатата година кога доби срцев удар за време на тренинг. Оттогаш, Касиљас закрепна, но со тренинзи продолжи дури во ноември.

„Да, ќе се кандидирам за претседател на Фудбалската федерација на Шпанија. Јас веќе ја пратив мојата одлука до претседателот на Порто, тим за кој играм. Ви благодарам на сите за поддршката и љубовта што продолжувам да ја примам од сите вас. Вашата сила ме инспирира“, напиша тој на Twitter.

Изборите за управување со шпанската фудбалска централа ќе се одржат есенва. Актуелниот претседател Луис Рубиалес, исто така ќе се кандидира за нов мандат.

Коментирај